Во САД регистриран првиот случај на новиот сој омикрон

Човек со заштитна маска поминува на пешачки премин на улица во речиси празната 6та Авенија / Њујорк, Сад 15 април 2020/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Првиот случај на омикрон, нова варијанта на коронавирусот, е пријавен во САД.

Според АП, повикувајќи се на неименуван функционер, првиот случај на омикрон во САД е човек од Калифорнија.

Кон крајот на ноември, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден воведе ограничувања за патниците кои доаѓаат од Јужна Африка, каде што првпат беше идентификуван омикронот. Во таа земја брзо се шири, а голем број случаи се забележани и во околните земји.

ЦДЦ ги заострува правилата за тестирање за патниците кои доаѓаат во Соединетите држави

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) презема чекори за дополнително заострување на правилата за тестирање на патниците кои доаѓаат од странство. Ова вклучува тестирање на сите патници максимум 24 часа пред да се качат на летот за Соединетите Држави, без разлика дали се вакцинирани или не. ЦДЦ, исто така, размислува за задолжително тестирање по пристигнувањето во Соединетите држави.

Официјалните лица признаа дека таквите мерки сакаат само да купат време додека научниците не утврдат дали омикрон е позаразен од варијантата делта, која моментално е најдоминантна во светот. Научниците исто така се заинтересирани за тоа какви симптоми предизвикува омикрон. Сите овие информации треба да се знаат во рок од две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот