Хаварија на нафтовод во Русија, недопрена природа под закана од еколошка катастрофа

Фото Архива

Поради пукање на нафтовод во северозападната руска Република Коми, 1.000 кубни метри нафта може да истечат во блиската река и да предизвикаат голема штета на животната средина, предупреди денеска првиот човек на државната агенција за животна средина, Росприроднадзор.

„Имаше пукање на нафтоводот кај Усинско. Според проценките, 1.000 метри просторни нафта може да истече во реката Колва“, напиша Светлана Радионова на Телеграм.

„Нафтените продукти навлегоа во почвата и водата, тоа е голема штета за животната средина. Локалните власти соопштија дека инцидентот се случил во неделата на нафтовод во нафтеното поле Јужно-Ош, со кој управува Нобел Оил.

Во мај 2021 година, поради пукање на нафтовод во Кома, истекоа 100 тони нафта, од кои девет во реката Колва. Во август 1994 година, во тој регион истекле 79.000 тони нафта или 585.000 барели поради пукнат нафтовод, а според независни проценки и до два милиона барели. Тоа беше најголемата несреќа од ваков вид во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот