Во ПСЖ бев повеќе министер за спорт отколку тренер

Томас Тухел пред да дојде во Челси беше тренер на ПСЖ/ фото: EPA-EFE/Neil Hall

Томас Тухел минатата сезона со екипата на Челси триумфира во Лигата на шампионите, а на „Стемфорд бриџ“ пристигна во јануари годинава.

Пред да дојде во Челси, Тухел седеше на клупата на ПСЖ со кого во 2020 година играше во финалето на ЛШ кога зауби од Баерн Минхен со 1:0.

Сега Германецот во разговор за „Газета дело Спорт“ ја спореди работата во овие два тима кои и сезонава се меѓу главните фаворити за триумф во ЛШ.

Тухел даде интересен одговор за тоа како му беше на клупата во ПСЖ.
– Како ми беше во Париз? Таму повеќе работев како некаков министер за спорт отколку како тренер. Морав да водам сметка за пријателите и семејствата на најголемите ѕвезди. Многу е полесно да се тренира Ромелу Лукаку од Нејмар и Килијан Мбапе. Во Англија имам можност да се занимавам со фудбалот и со тренирањето – објасни Тухел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот