Проект: За првпат 13 слонови од заробеништво ќе бидат вратени во дивините на Африка

слон

Во проект што се спроведува по прв пат, еколози ќе ослободат цело стадо слонови од „Британска зоолошка градина“ во дивината на Кенијa. 13 слонови кои живеат во паркот за диви животни „Хаулетс“ во Кент, јужна Англија, ќе патуваат дистанца подолга од 7 000 километри до Кенија, според соопштението за весниците од хуманитарната организација за заштита на животни, „Фондација Апсинал“ во вторникот, пренесува „CNN“.

Дванаесет од слоновите биле родени и израснати во Кент, а еден бил роден во Израел. Ниту еден од нив не живеел во дивина. Групата тежела вкупно 25 тони и вклучувала три младенчиња. Ова ќе биде прв пат во светот стадо слонови да станат „диви“, рекле организаторите.

Хуманитарната организација соопштила дека има намера со проектот да ја обесхрабри глобалната трговија со слонови и до го поттикне враќањето на животните во дивина, додавајќи дека ниту еден слон не припаѓа во заробеништво.

„Ова е неверојатно возбудлив проект и прв во светот“, вели Дамијан Аспинал, претседател на „Фондацијата Аспинал“, во соопштението за јавноста. „Како и секој проект за заштита од вакво значење, очигледно има големи ризици, но сметаме дека вреди да се вратат овие прекрасни слонови во дивината каде што припаѓаат“, продолжи тој.

Додека враќањето на слоновите во дивина е „непозната територија“, според веб-страницата на фондацијата, други видови животни биле ослободени „многу успешно“. Минатата година фондацијата вратила два гепарди во дивината во Јужна Африка.

„Од 1970-тите, им помагаме на слоновите, обезбедувајќи иднина во дивината на повеќе од 260 спасени напуштени животни и спроведувајќи обемни проекти за заштита за да се осигураме дека тие, нивните младенчиња родени во дивина и нивните сродници се заштитени најдобро што може во текот на целиот живот“, вели Ангела Шелдрик.

„Со нетрпение очекуваме да им ја понудиме истата можност на овие 13 слонови кога ќе стапнат на африканска почва – дома, каде што припаѓаат и каде ќе можат да живеат диво и слободно како што налага природата“, продолжува Шелдрик.

Слоновите ќе бидат транспортирани во индивидуални кафези прилагодени на нивните потреби, а ветеринарите ќе ги следат во текот на целиот лет, се вели на веб-страницата на „Фондацијата Аспинал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот