Во Пробиштип регистриран втор случај на лице заразено со Ковид-19

Регистриран е вториот случај на заразено лице со корона вирусот во општина Пробиштип. Лицето не било во контакт со лица коишто се во самоизолација од претходно, станува збор за нов случај. Сите лица кои што биле во контакт со истото се ставени во самоизолација, информираше на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

-Апелирам за смиреност и за строго почитување на мерките за заштита, да се намалат физичките контакти, за што е можно помало изложување на опасност од пренесување на вирусот, вели Анастасов.

Тој истакна дека денеска е ставен во функција и третиот пункт за дезинфекција на возила при влез во општината, со ова веќе сите три пункта се во функција, и тоа при влез на градот од страна на патен правец од Кратово во населба Пробиштип, од патен правец од Штип кај бензинската Макпетрол и при влез во село Ратавица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот