Во Лион се евакуирани 4.500 жители поради бомба од Втората светска војна

Бомба од 230 килограми со 150 килограми експлозивно полнење е пронајдена во 9-от арондисман на Лион на градилиште за идната студентска резиденција. Околу 4.500 лица беа евакуирани во Лион за да се овозможи неутрализирање на бомбата, јави дописникот на МИА.

Интервенцијата за деминирање се одрази на неколку линии на автобуси и метро. Во исто време, станицата Лион-Вез беше затворена за патници за време на целата операција, како и железничкиот сообраќај, според префектурата.

Пет места за привремен прием, раководени од Црвениот крст, беа ставени на располагање на евакуираните жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот