Во Лихтенштајн закажан референдум за забрана на казината

Архива

Земјата на „Алпите на Лас Вегас“ – Лихтенштајн, ќе мора да ги затвори шесте казина доколку биде изгласан референдумот закажан за 29 јануари.

Поддржувачите на овој референдум тврдат дека новата индустрија ризикува да го наруши угледот на земјата бидејќи сега се на меѓународната црна листа на „даночни раеви“ поради релаксираните закони за коцкање, пренесува Ројтерс.

-Не сакаме да се етаблираме како казино и жариште за покер среде Европа, истакна застапникот на референдумот Гидо Мајер.

Минатата година патните такси, главно од странски посетители на казино во Лихтенштајн, донесоа 50 милиони швајцарски франци за државата.

-Ова е приход кој е суштински за нашиот буџет … сепак, мораме да најдеме рамнотежа меѓу мерките кои ќе ја намалат активноста, но во исто време не треба да го уништиме пазарот, рече вицепремиерката Сабине Монауни.

Во Лихтенштајн најмногу посетители доаѓаат од Германија и соседните земји, Швајцарија и Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот