Во Кривичниот суд продолжуваат судењата за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуството на членот на судскиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Прочитајте и...  Маж попладнево почина од струен удар

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Титаник 3″ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара
изземање од предметот.

Прочитај повеќе

Украдени акумулатори за напојување на скопскиот аеродром

Слободен печат

Маж попладнево почина од струен удар

Слободен печат

Пронајден череп во Долно Дупени, приведен скопјанец осомничен за убиство

Слободен печат

Скопјанка во два наврати учествувала во активности на Исламска држава

Слободен печат

Малолетници пронашле мртов маж кај Езеро Треска

Слободен печат

Во хотелска соба во Охрид извршена обљуба врз скопјанка

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Боговиње

Слободен печат

Пронајдено телото на 16 годишното момче кое се удави во Преспанското езеро

Слободен печат

Младите возачи брзо забораваат на главните сообраќајни правила

Деветнаесетгодишно момче прегази жена во Охрид, починала во скопскиот Клинички центар

Слободен печат

Четириесет и девет годишен маж загина сечејќи дрва

Слободен печат

Утрово продолжи потрагата по момчето кое исчезна во Преспанското езеро

Слободен печат