Во Италија задолжително тестирање на патниците од Париз

Рим, Италија / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Италија од утре воведува задолжително тестирање на Ковид-19 за луѓе кои доаѓаат од Париз и некои други области во Франција, изјави денеска италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

– Европските податоци се загрижувачки. Италија е подобра од другите земји, но мора да бидеме внимателни, напиша Сперанца на својот налог на Твитер.

Според портпаролот на италијанското Министерство за здравство, новото тестирање ќе започне од утре.

Француските власти вчера регистрираа нови 10.569 случаи на заразени со новиот коронавирус, нешто помалку од претходниот ден кога беше забележан рекорден број од 13.498 новоинфицирани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот