Во гевгелиско пронајдени 15 килограми марихуана

15 килограми марихуана открила полицијата кај осомничен од селото Богородица, соопшти МВР.

„На 23.04.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско. При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 килограми марихуана“, велат од полицијата.

Осомничениот бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот