Во Германија се намалува интересот за вакцинација, се повеќе вакцини завршуваат во отпад

Вакцини против Ковид-19 / Фото: EPA

 Се повеќе германски провинции ги фрлаат вакцините во ѓубре, а сега планот е да се донира вишокот на посиромашните земји, наведува Дојче веле.

Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени”, и тоа само во јули.

„Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на падот на подготвеноста на населението за имунизација”, соопшти баварското Министерство за здравство, пренесува „Дојче веле”.

Во Баден-Виртемберг, рокот на траење на 4.000 дози Астра Зенека истече на крајот на јули, поради што тие беа „прописно уништени”, наведува Министерството за здравство.

Во Северна Рајна-Вестфалија, датумот на истекување на 350 дози Астра Зенека истече минатиот викенд, па тие беа „прописно отстранети”. Министерството тврди дека ова е прв таков случај од оваа германска провинција.

Дозите што не им се потребни, а рокот се уште не е истечен, провинциите ги враќаат на федералната влада.

Хамбург сака да врати 6.000 дози Астра Зенека во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот