Во гасењето на пожарот во близина на Велес се вклучија и вработени од ШС „Бабуна”

Пожар кај Велес / Фото: Twitter

Повеќе од 20 часа беснее големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес, што вчера во 13:10 часот беше пријавен во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење.

Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 часот. Утрово во неговото гаснење се вклучени вработените од ШС „Бабуна”, а на терен се подготвуваат да заминат и пожарникари од ТППЕ Велес.На теренот од утрово е командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски кој прави стратегија за вклучување на пожарникарите во гаснењето.

Како што информираат од ТППЕ Велес со пожарот досега се зафатени повеќе од 50 хектари ниско стеблеста дабова шума,трња и сува трева.

Пожарот уште вчера се прошири во правец на селото С`лп , но засега нема опасност да ги зафати куќите од селото.

Голем пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот