Голем пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес

Стотици затвореници запалиле затвор во јужен Тајланд / Фото: МИА
Се уште гори големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес. Гори нискостеблеста дабова шума, трње, и трева.

Пожарот се шири на потегот кон селото С’лп, но засега, како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес, нема опасност да се прошири во селото.

Екипа од ТППЕ Велес веднаш отишла на терен и се уште работат на гаснење на пожарот. Интервенираат осум пожарникари со две протвпожарни возила.

Од ТППЕ Велес за МИА посочија дека пожарот кај нив бил пријавен во 13 часот и 10 минути.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот