Во Франција е откриен нов вид коронавирус : Еве по што се разликува од омикрон

омикрон
Бројот на заразени со омикрон ќе опадне/ Фото: ЕПА

Нов сој на B.1.640.2 е откриен на почетокот на декември кај лице кое се враќало од Камерун во Марсеј. Во моментов, 12 лица на југот на Франција се заразени со оваа варијанта на коронавирус.

Иако овој вирус е сè уште непознат, се знае дека има способност за побројна мутација од омикронот. Во омикрон има 37 мутации во генетскиот материјал од првата варијанта на вирусот, а новиот вид има дури 46 мутации.

Фото: Профимедиа

 

Познато е и дека полесно и побрзо се пренесува од сите други варијанти на коронавирусот, пренесува ДВ.

Меѓутоа, бидејќи мал број луѓе се заразени со него, и оттаму не е можно да се процени колку новиот виру во моментов колку е заразен или опасен . Не е познато дали овој вид потекнува од Камерун, но експертите сметаат дека најверојатно тоа се должи на фактот што мал број луѓе се вакцинирани во оваа африканска земја.

Да потсетиме, покрај омикрон и се уште неименуваниот сој од Франција, на почетокот на јануари се појави уште еден вид коронавирус-наречен флурон.

/Фото: EPA/WANG YANBING

 

Оваа варијанта е мешавина од два вида на инфекција; од ковид и од грип.

Израел е првата земја во светот која забележа присуство на флурон, или „двојна инфекција“. Лекарските извештаи наведуваат дека се работи за трудница која превентивно била хоспитализирана, но со исклучително благи симптоми.

Израелското Министерство за здравство го проучува случајот за да утврди дали комбинацијата на двата вируса предизвикува посериозна болест.

/ Фото: ЕПА

Израелските здравствени власти предупредија на двојна инфекција што може да доведе до тоа пациентите да ги преплават болниците со грип и ковид. Симптомите на флурон се исти како оние на коронавирусот и вирусот на грип.

Оние кои имаат висока температура, губење на мирис или вкус, постојана кашлица, болки во грлото, главоболка и течење на носот мора веднаш да одат на лекар и да се тестираат за вирусот Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот