Во екот на пандемијата на коронавирусот, зошто е потребен витаминот К?

Profimedia

Страниците на светските магазини, особено за време на пандемијата, се полни со информации во врска со придобивките од витаминот К. Но, дали знаете зошто е значаен неговиот внес во организмот?

Витаминот К игра клучна улога кога е во прашање згрутчувањето на крвта. K значи коагулација, односно процес на згрутчување и ги активира протеините потребни во процесите на згрутчувањето, помага во заздравувањето на раните и спречува прекумерно крвавење. Витаминот К1 претставува група на слични органски молекули, а најпрво ќе го пронајдете во зелениот зеленчук како спанаќот или брокулата, додека витамин К2 најчесто се наоѓа во жолчките.

Инјекции со витамин К им се даваат на голем број новороденчиња, со цел да се спречат ретките, но многу сериозни крвавења. Инаку, бебињата се раѓаат со низок процент на витамин К. Исто така, научниците тврдат дека внесот на витамин К ја подобрува работата на срцето и квалитетот на коските.

Иако многу научници препорачуваат употреба на витамин К, таа, сепак, не треба да биде претерана, бидејќи преголемата концентрација на витамин К може да биде штетна за организмот.
Исто така, холандската студија покажа поврзаност помеѓу пациентите со потешки форми на коронавирусот и недостатокот на витаминот К во организмот.

Сепак, корелацијата не е и причината. Дали витаминот К би можел да ги заштити пациентите од развој на потешка форма на заболувања на белите дробови, останува да се види доколку се обезбедат детални истражувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот