Во Делчево ќе се гради градинка, ќе има капацитет за 130 деца

Фото: МТСП

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Делчево денеска потпишаа договор за изградба на нова детска градинка. Како што соопшти министерката Тренчевска, градинката ќе има капацитет за 130 деца во предучилишниот процес.

Станува збор за изградба на современа градинка која ќе биде ефикасна како во поглед на енергетските трошоци и нејзиното одржување, така и во поглед на извршување на нејзината функција, а тоа е да обезбеди соодветен безбеден простор за престој на децата каде ќе учат и развиваат нови животни вештини, истакна министерката.

Како што соопшти МТСП, изградбата на новата детска градинка е дел од Програмата на Владата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2023 година. Се работи за двогодишен проект со вредност од околу 60 милиони денари со ДДВ , каде што во најголем дел учествува Министерството за труд и социјална политика, а во одреден дел и Општина Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски изрази благодарност за досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика, и по тој повод и додели на министерката Тренчевска плакета

Нема поубав подарок за своите сограѓани од реализацијата на нов капитален проект за граѓаните, посебно кога се работи за најмалите и за младите родители. На овој убав ден, кога Делчево одбележува 79 години од ослободувањето-го потпишавме Договорот за изградба на новата детска градинка во населба Расадник. Новата градинка ќе биде современ , уникатен објект кој ќе го краси Делчево, а неговата намена –да згрижува и воспитува дечиња од најмала возраст со капацитет од 350 дечиња, ќе значи и анулирање на листата на чекање за прием во детската градинка. Ова е инвестиција во раниот детски развој, вредна 60 милиони денари, истакна Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот