Во ЦДУ се сложија: Меркел останува канцеларка до крајот на својот мандат

Раководството на Христијанско-демократската партија (ЦДУ) се сложи со тоа дека Ангела Меркел треба да остане на местото канцелар до есента 2021 година.

Тоа го изјави актуелната лидерка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер.

АКК (како што ја нарекуваат лидерката на ЦДУ), го констатирала фактот дека позицијата шеф на партијата и местото на канцелар во моментов се во различни раце, но вели и дека во одборот на партијата и во сојузниот одбор вчера немало луѓе кои тоа го сфаќале различно, пишува „Шпигл“, а пренесува „Ројтерс“.

– Напротив, без ислучоци, имаше очекувања дека би требало да владееме во моменталната констелација до крајот на мандатот. Со Ангела Меркел како канцеларка – рече АКК.

Таа неодамна поднесе оставка од местото лидер на ЦДУ, а новиот претседател на партијата ќе се бира на 25 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот