Во Црна Гора уапсен поранешниот „крал на криптовалутите“, еден од најбараните бегалци во светот

Фото: принтскрин

Црногорската полиција уапси лице за кое се сомнева дека е еден од најбараните бегалци во светот, јужнокорејскиот државјанин До Квон, објави на Твитер министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ.

Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур, додаде министерот.

Квон во својата земја беше обвинет за измама и кршење на законите за пазарот на капитал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот