Во четврток СПЦ и МПЦ ќе служат заедничка литургија во Белград

спц
СПЦ / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ г.г. Стефан ќе служат литургија на помирување на 19 мај во црквата Свети Сава во Белград, пишуваат српските медиуми.

Литургијата ќе започне во девет часот, а ќе чиноначалствуваат сите архиепископи на двете цркви. Порфириј ги повикува верниците да присуствуваат на архиерејската литургија во што поголем број.

Во Белград, според српските медиуми, по писмото, МПЦ-ОА започнала тајни средби со СПЦ, а се шпекулира дека била контактирана и Васеленската Патријаршија во Истанбул. Црковните документи за литургијата се чувале во крипта во храмот Свети Сава чии влезови се забарикадирани и покриени со подна облога, а дополнително заштитени со приватно обезбедување, објавија некои медиуми во Белград.

По одлуката на СПЦ во македонската јавност имаше критики дека МПЦ-ОА всушност се враќа многу поназад од клучното прогласување на автокефалност на МПЦ во 1967-ма година кога СПЦ го отвори спорот и ја оспори црковната независност на Македонската црква.

ВИДЕО | Д-р Мојаноски: СПЦ не може да одлучува за граѓаните и верниците на МПЦ-ОА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот