Во БиХ 274 нови случаи на ковид-19, најмногу во Сараево

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Триесетина хоспитализирани пациенти моментално се на респоратори, односно во состојба во која им се загрозени животите.

Во БиХ во средата се потврдени нови 274 случаи на зараза од коронавирус, а најголем број од новозаразените и натаму е од подрачјето на Сараево, се податоците од ентитетските Заводи за јавно здравство.

Во Федерацијата БиХ се тестирани 1.161 примерок, а заразата е потврдена во 183 случаи, додека во Република Српска се тестирани 436 примероци, од кои 91 биле позитивни на САРС-КоВ-2.

Најголем број од новозаразените во изминатите 24 часа се откриени во Сараево каде се потврдени 86 нови случаи.

Од Република Српска пријавија и два нови смртни случаи, а во Федерацијата БиХ починале 4 лица.

Од Министерството за одбрана на БиХ потврдено е дека еден од починатите поради компликации предизвикани од заразата е припадник на вооружените сили на таа земја, кој бил на лекување во болницата во Зеница.

Тоа е трет војник кој починал по заразата од коронавирус.

Според збирните показатели од различни нивоа на власта, во Бих во моментов има нешто повеќе од 6 илјади активни случаи на зараза од коронавирус, а 10 отсто од тој број се однесува на луѓе кои поради компликации се сместени на болничко лекување.

Триесетина хоспитализирани пациенти моментално се на респоратори, односно во состојба во која им се загрозени животите.

Во цела БиХ од појавата на епидемијата во март потврдени како заразени се повеќе од 13.000 лица откако се направени над 144.000 тестови.

Повеќе од 6.500 заразени досега се опоравија.

Министерот за здравство на Федерацијата БиХ Вјекослав Мандиќ во средата повторно предупреди дека состојбата е сериозна зошто бројот на заболени и починати продолжува да расте.

„Ситуацијата е многу сериозна и апелирам  сите да го прифатиме тоа и заедно да се бориме така што максимално ќе ги почитуваме пропишаните мерки и препораки. Ниту една мерка не е исклучена во престојниот период“, рече Мандиќ за босански Вечерњи лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот