Во Белорусија уапсен противникот на Лукашенко

Минск, Белорусија Протести / 17 август 2020 / Фото. EPA-EFE/STR

Белоруските власти вчера уапсија неколку продемократски активисти како дел од се поинтензивната кампања за сузбивање на противниците на авторитарниот лидер Александар Лукашенко. Полицијата притоа го уапси и кандидатот на ланските спорни претседателски избори, Андреј Дмитреу, за Радио Слободна Европа изјави неговата колешка од граѓанското движење „Кажи ја вистината” Татјана Караткевич. Таа посочи дека не е познато местото каде е приведен Дмитреу, ниту причината за неговото апсење.

„Белоруските власти треба веднаш да го ослободат новинарот Сергеј Харџевич и да престанат да затвораат независни новинари како одмазда за нивната работа“ соопшти вчера Меѓународниот комитет за заштита на новинарите (ЦПЈ).

Окружниот суд во Брест, на југозапад од земјата, на 2 август осуди дописник на независниот регионален сајт „Перши регион” под обвинение за навреда кон белорускиот претседател Александар Лукашенко и двајца полицајци, како и за клевета на еден од тие полицајци, изјави неговиот уредник Павел Даилид, кој со ЦПЈ разговарал преку апликација за размена на пораки.

Судот го осуди Харџевич на 18 месеци затвор и му наложи на секој од полицајците да им плати отштета од 2.000 рубли (793 американски долари). Харџиевич ги отфрла обвинувањата и планира да поднесе жалба на пресудата.

Во Белорусија и понатаму продолжува масовното апсење на активисти, новинари и сите критичари на политиките на Лукашенко.

Белорускиот режим ја засили „чистката“ од активисти и медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот