Во автобус од Македонија за Германија од 50 патници, 19 имале фалсификувани ПЦР тестови

Полиција / Фото: МВР

19 фалсификувани ПЦР тестови открила полицијата при контрола на автобус кој патувал на релација од Македонија кон Германија.

Од МВР информираат дека денеска од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патувал на релација од Република Северна Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се фалсификувани ПЦР тестови.

По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест.

По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.

Извор: МИА

Видео на денот