Во американската држава Њујорк 385 луѓе починаа од коронавирусот

САД, кои на почетокот го гледаа ширењето на епидемијата во Кина, а потоа и во Европа, сега се на „добар пат“ да ја надминат Италија во однос на бројот на заразени лица.

Бројот на смртни случаи од „Ковид-19“ во американската сојузна држава Њујорк, кој е жариште на болеста во САД, нагло се зголеми во последните 24 часа, па од избивањето на епидемијата досега има стотина нови смртни случаи, вкупно 385, соопшти гувернерот на земјата.

До изутринава, сојузната држава која има речиси 20 милиони жители, имаше повеќе од 37 илјади потврдени случаи, додека ден претходно имаше повеќе од 30 илјади заразени, соошти гувернерот Ендру Куомо на прес-конференција.

-Луѓето се во болници на респиратори. Колку подолго сте на респиратор, толку е поголема шансата за смртен исход. Сега имаме луѓе кои се на респиратор 20-30 дена– рече гувернерот.

Но, повтори дека државата засега има доволно респиратори, иако наскоро ќе бидат потребен дополнителен број.

Овие нови податоци доаѓаат во време кога бројот на жртвите во САД надмина 1.000.

САД, кои на почетокот го гледаа ширењето на епидемијата во Кина, а потоа и во Европа, сега се на „добар пат“ да ја надминат Италија во однос на бројот на заразени лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот