Флоријан Вирц/Liverpool FC

Во 2025 година бил поставен рекорд – никогаш претходно не се направиле повеќе трансфери

Светската фудбалска федерација во својот глобален извештај за трансфери објави дека клубовите ширум светот во 2025 година оствариле рекордни 24.558 трансфери во машкиот фудбал, со вкупна потрошувачка од 13,08 милијарди долари. Тоа претставува зголемување од седум отсто во однос на претходната година и е најголем број на меѓународни трансфери во машкиот фудбал досега.

Во текот на 2025 година, на сите нивоа во машкиот и женскиот професионален фудбал, како и во аматерските категории, биле реализирани вкупно 86.158 меѓународни трансфери на фудбалери, што е рекордна бројка.

Меѓу најскапите трансфери на годината се издвојува преселбата на германскиот играч за врска Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во Ливерпул. Англискиот клуб потпиша договор со 22-годишниот Германец вреден 137,77 милиони долари, со можност за дополнителни бонуси.

Во листата на петте најголеми трансфери се најдоа и Уго Екитике (од Ајнтрахт во Ливерпул), Џон Дуран (од Астон Вила во Ал-Наср), Бенјамин Шешко (од РБ Лајпциг во Манчестер јунајтед) и Ник Волтемаде (од Штутгарт во Њукасл).

Женскиот фудбал бележи уште една година на значителен раст, со 2.440 меѓународни трансфери реализирани во 2025 година, што е зголемување од над шест отсто во споредба со 2024 година.

Вкупната сума потрошена за трансфери во женскиот фудбал достигна рекордни 28,6 милиони долари, што е повеќе од 80 отсто зголемување во однос на претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот