ВМРО-ДПМНЕ: Лажната нормалност на Заев и Спасовски блесна со нови 35 заразени и 5 починати

Фото: МИА

Власта на СДСМ не успеа да ги заштити здравјето и животот на граѓаните. Зоран Заев и неговите соработници немаат капацитет да се справат со кризата, стои во соопштението од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и СДСМ имаат други приоритети, а нивните погрешни политики граѓаните ги плаќаат со сопствените животи. Лажната нормалност на Заев и Спасовски блесна со нови 35 заразени и 5 починати за последното деноноќие. Филипче се затрупа во лаги, а Македонија е завиена во црно. Заев турка предизборен поткуп и попусто се обидува да ја спаси својата кариера. Ситуацијата е надвор од контрола- стои во соопштението.

Додека Заев и Спасовски, туркаат избори, велат оттаму, ние имаме нова вонредна состојба, а Филипче е изгубен помеѓу изјавите дали ја победил короната или народот му е крив за неговата неспособност.

-СДСМ и владата се дрзнаа да го обвинуваат народот и граѓаните за сопствената неспособност. Во недостиг на оправдувања не знаат веќе која лага да ја повторат и што уште да измислат. Овој срам и хаосот кој го приредуваат на сметка на животот на луѓето не се пере со ништо. Визија и стратегија за борба против пандемијата немаше. Оваа влада треба да има совест за да поднесе одговорност пред граѓаните коишто ги стави во опасност со своето бескрупулозно лажење- стои во соопштението.

Колку лаги, прашуваат оттаму, треба да излезат на виделина за да власта престане да манипулира со граѓаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот