ВМРО-ДПМНЕ: Изведбата на химната беше начин да се удоволи на политиките на Заев – Слободен печат
ВестиМакедонија

ВМРО-ДПМНЕ: Изведбата на химната беше начин да се удоволи на политиките на Заев

За вистинска осуда е атмосферата креирана од Владата кои на подолг период ги доведуваат во прашање идентитетски обележја, реагира опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ изразува целосно несогласување со нецелосното интонирање на химната и изоставување на македонските херои кои таа ги содржи.

„Се чини дека изведбата на химната од страна на Тамара беше начин да се удоволи на погрешните политики на Зоран Заев креирани во изминатиот период на сметка на државните и национални интереси, а овој пат на сметка на македонско-американското пријателство кое е од стратешко значење за долгорочниот развој на нашата држава. Ова е неприфатливо, и е пример што може да се произведе кога премиерот си поигрува со нашата историја, националните чувства и идентитетските обележја. Добро е што Тамара се извини, но тоа што е за вистинска осуда е атмосферата креирана од Владата и премиерот кои на подолг период и на срамен начин ги доведуваат во прашање сите идентитетски обележја. Со оваа влада станавме општество во кое на дневна основа се доведуваат во прашање најсветите чувства на македонскито народ“, реагира најголемата опозициска парија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close