ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи протест за поскапувањето на струјата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејбук ги покани граѓаните на протест со автомобили против поскапувањето на струјата.

„Денес, во 18.00 часот, ве поканувам на протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили. Ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“, по булеварот „Партизански одреди“, до пред Регулаторната комисија за енергетика.

Протестираме против поскапата струја која сè повеќе го осирамашува овој народ и гризе од стандардот на сите, а Регулаторната комисија делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.“, напиша Мицкоски.

Денес, во 18.00 часот, ве поканувам на протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили.Ќе започне пред паркингот на спортската…

Publiée par Hristijan Mickoski sur Jeudi 17 septembre 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот