ВМРО-ДПМНЕ бара Џафери да не ја злоупотребува позицијата и уставните измени да ги стави на гласање

Нема уставни измени под бугарски диктат и бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставните измени, е заклучокот од координацијата на пратеничката грпа на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

На координацијата одржана во пресрет на почетокот на есенската сесија на Парламентот, пратеничката група и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмираа партиската позиција за уставните измени.

 Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси. Остро сме против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата. “ , соопшти партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот