ВМФЛ: Вардар го победи Тетекс и се врати на врвот на табелата

Фото: ФК Вардар

Вардар по роденденската прослава и пријателскиот натпревар со Железничар денес им се врати на победите во Втората фудбалска лига на Македонија.

„Црвено-црните“ славеа во „братското дерби“ со Тетекс. Вардар беше сигурен и го доби натпреварот со 0:2. Головите ги постигнаа Николовски и Мицевски.

Гостивар не го победи Детонит и одигра само 1:1, па така Вардар се врати на врвот на првенствената табела со еден бод предност. Воска беше подобра од Охрид во локалното дерби со 3:0. Пелистер во финишот го скрши Пехчево и славеше со 2:3.

Вардар сега е лидер со 32 бод, па следуваат Гостивар со 31, Воска со 30, Пелистер 26…

ВМФЛ 13. КОЛО РЕЗУЛТАТИ:

Тетекс – Вардар 0:2

Гостивар – Детонит 1:1

Воска – Охрид 3:0

Локомотива Пехчево – Пелистер 2:3

Слога Виница – Арсими 0:0

Беса – Борец 3:2

Каменица Саса – Караорман 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот