Гласањето во Собранието за задолжувањето во износ од шест милијарди евра од В. Британија

Власта со аплауз го изгласа задолжувањето од Британија, за опозицијата тоа е „скандалозно“

Пратениците попладнево го изгласаа договорот со кој земјава влегува во стратешко партнерство со Велика Британија, во чии рамки оваа држава ни овозможува пристап до шест милијарди евра за инвестиции во инфраструктурата. Парламентарците од власта исходот од гласањето – 76 гласови „за“ и 6 „против“, го поздравија со аплауз.

Во дискусијата претходно, опозицијата рече дека ова е скандалозен закон и скандалозен договор, не само поради задолжувањето кое е проблематично само по себе, туку и во делот на „суспендирање на македонското законодавство“.

На ова преудпреди поранешниот уставен судија, а сега пратеник од „Европскиот фронт“, Сали Мурати.

– Материјалите не беа доставени благовремено, а денес треба да одлучуваме за милијарди евра задолжување. Ова не е сериозен начин на работа за одлука од ваква важност. Морам да укажам на сериозни недостатоци на договорот – прво, финансиска неопределеност во договорот, ова е двостран договор, со обврски, тој не содржи ниту една конкретна цифра за каматните стапки, роковите, тука фалат битни елементи на договорот, роковите за отплата, не знаеме дали зборуваме за 2, 5 или 8% камата, не знаеме дали роковите се 10, 20 или 30 години. Втората слабост е лимитот на кредитирањето, ограничување на пет милијарди фунти, проектот на брзата железница во соседните земји чинел повеќе од оваа сума и се прашувам дали овој лимит е реален за сите овие наведени проекти, рече Мурати.

„Најпроблематична по мене е правната несигурност, членот 6 од Договорот експлицитно вели: „не создава правни дејствија“. Ова се права и обрвски на сите страни, исклучува арбитража, судски постапки и упатување на трети страни за решавање на споровите. Доколку британската страна не ги исполни сите обврски, ние немаме правни механизми за заштита, можеме само дипломатски консултации да имаме. Ова создава правна асиметрија каде што силната страна нема ограничување, а ние немаме заштита. За „Бехтел“ договорот имаше арбитражни механизми, од ЕУ проектите имаат јасна правна заштита, ваква клаузула нема во ниту еден сериозен меѓународен договор. Вие се задолжувате во наше име и имате обврска да ни дадете отчет за граѓаните, со ова не предвидувате никаков надзор. Ние сега ќе гласаме и по ова немаме механизам да контролираме“, рече пратеникот Мурати.

Договорот со Британија Николоски го потпишал под непостоечката функција „потпретседател на РСМ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот