Влахо нов тренер на Работнички, Илиевски си замина од Ренова

Екипата на Работнички го назначи Александар Влахо за нов шеф на стручниот штаб. Тој денеска потпиша двегодишен договор со фудбалскиот клуб.
– По преговорите со неколку домашни и странски тренери, донесовме одлука Александар Влахо да биде нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Се работи за млад домашен стратег кој има ПРО-лиценца, добро го познава македонскиот фудбал, а истовремено има и одредено интернационално искуство – изјави Драган Поповски, претседателот на Работнички.

Александар Влахо се надева дека со напорна работа ќе успее да ги оствари зацртаните цели на клубот, тоа се пласман во европските купови.

– Би сакал да се заблагодарам на претседателот Поповски и раководството на Работнички за довербата, се надевам дека максимално ќе ја оправдам со напорна работа и со успешни резултати. Не очекува многу работа, клубот е во фаза на формирање на нов тим, а максимално ќе бидеме посветени и да ја задржиме стратегијата за форсирање на млади фудбалери од младинската школа – вели Влахо.
Првата прозивка за новата фудбалска сезона, новиот тренер на Работнички ќе ја изврши на 26 јуни, со почеток во 18 часот.

За разлика од Работнички кој доби нов тренер, екипата на Ренова одлучи да се раздели со досегашниот тренер, Никола Илиевски – Џиџи. И двете страни не се одлучија да ја продолжат соработката која траеше цела сезона, а Ренова во последното коло потклекна во трката за пласман во квалификациите во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот