Владеење на Вага (23.09-23.10): Фокус на создавање рамнотежа и движење на повисоко ниво на свест

Млада Месечина во знакот на Близнаци, Фото: Flickr

Владеењето на Вагата започнува на 23 септември и завршува на 23 октомври кога Сонцето ќе се пресели во хороскопскиот знак Скорпија. Додека Меркур поминува дел од својата ретроградна фаза во Вага, може да се најдеме во ситуација кога треба да ја преиспитаме динамиката на односите или нашиот стил на комуникација кога станува збор за врските во нашите животи. Како што завршува сезоната на Вага на 23 октомври, ќе се најдеме во период на трансформации, завршетоци и нови почетоци.

На денот на Рамноденицата – денот кога започнува есента, 23 септември, Сонцето преминува од земјената Девица кон Вага, префрлајќи го нашиот фокус на нашата потреба за поврзување и создавање рамнотежа во нашите односи.

Сонцето кое преминува во знакот Вага, исто така, претставува пресвртница. Започнува нова сезона, а ние доаѓаме на половина пат од астролошката година. Симболично, тоа претставува промена на повисоко ниво на свест. Со оваа промена, ќе бидеме охрабрени да станеме свесни не само за тоа како да бидеме здрави и урамнотежени, туку и како можеме да создадеме здрави и избалансирани односи со другите.

Владеењето на Вагата е совршено време да се фокусираме на луѓето кои нè опкружуваат. Кој го поддржува вашиот раст и ви помага да бидете најдобри? А кој ве тера да се чувствувате лошо за себеси? Луѓето сами по себе не се токсични, но можат да станат токсични за нас ако конфликтите останат нерешени или ако развиеме нездрави релации. Одредени врски, исто така, може да станат токсични доколку продолжите да дејствувате од страв или его.

Под Сонцето во Вага, сите ќе добиеме поддршка од Универзумот за да поработиме на врските кои станале токсични, со поставување граници или со наоѓање нов начин за решавање на проблемите. Можеби ќе треба да одлучиме дали сакаме да задржиме одредени луѓе во нашите животи или дали е време да ги пуштиме.

Многу често, предизвикувачките односи во нашите животи помагаат да се разоткријат нашите рани. Всушност, многумина од нас имаат тенденција нашите рани, тригери и несигурности да ги искажеме на луѓето околу нас.

Освен ако не станеме свесни кога го правиме тоа, тоа може да доведе до дисфункција во нашите односи, а овие дисфункции понекогаш јасно ни ги отвораат очите за она што треба да се излечи или реши во нас самите. Кога станува збор за справување со предизвикувачки луѓе во нашите животи, понекогаш треба да се запамети дека сите, вклучително и вие, само го прават најдоброто што можат според нивното ниво на свест.

Понекогаш, исто така, помага да се подразмисли за предизвиците како делови од вашата душа што дошле во вашиот живот за да ве потсетат на лекциите што сте сакале да ги научите и растот што треба да го постигнете во овој живот.

Кога ги гледаме работите од оваа гледна точка, тоа ни овозможува да престанеме да ја префрламе вината или да се зафаќаме со она што го прави другата личност и наместо тоа, ни овозможува да размислиме како можеме да го искористиме тоа искуство како катализатор за раст.

Toa не значи дека треба да учиме да толерираме лошо однесување. Се разбира, можеме да го примениме овој пристап и сепак да поставуваме граници, но понекогаш тоа ги намалува напнатите емоции.

Врските исто така многу често делуваат како огледало, предупредувајќи нè за скриените делови од нас, трауми, рани или несвесно однесување. Исто така, одредени врски можат да нè инспирираат, покажувајќи ни кои сакаме да бидеме и како да искористиме повеќе од нашиот потенцијал. Најзначајните врски во нашите животи многу често ги активираат двете од овие области.

Ваквите прашања и теми поврзани со нашите односи можат природно да ни се појават за време на овој период, а може дополнително да се поттикнат од фактот дека Меркур е ретрограден до 2 октомври.

Ретроградниот Меркур може да го открие минатото, принудувајќи нè да ги погледнеме минатите навики, ставови и верувања. Додека Меркур поминува дел од својата ретроградна состојба во Вага, може да се најдеме во ситуација кога треба да ја преиспитаме динамиката на минатите односи или нашиот стил на комуникација кога станува збор за врските во нашите животи.

Додека фокусот е на нашите односи, ние исто така сакаме да постигнеме рамнотежа помеѓу грижата за нашите потреби, како и за потребите на другите. Сакаме да работиме на тоа да бидеме сочувствителни и разбрани, но и наметливи и спремни да поставиме граници доколку е потребно. Треба да се фокусираме и на соработка, а не на компромис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот