Владата одобри 53,4 милиони евра финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании

Владата денеска на седница одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупна вредност од 53,4 милиони евра.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата денеска на продолжението на 12-тата редовна седница го разгледа извештајот на Агенцијата за странски инвестиции, дополнет со мислењето на Комисијата за евалуација за исполнетост на условите, за пристигнатите барања за склучување Договор за доделување финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Од извештајот на Агенцијата, потврдено со мислењето на Комисијата, на повикот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно Планот за економски развој и Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена или дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.

Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите ,како што наведуваат од Владата, за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10 до 20 отсто, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра. Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот