Владата на САД со санкции за Самсоненко неговата сопруга и мајката на Орце Камчев

Амбасада на САД / Фото: Слободен печат

Американската влада назначи поединци и субјекти поврзани со финансиската мрежа на Јордан „Орце“ Камчев, кој беше санкциониран од САД во јули 2023 година за корупција, стои во соопштение објавено на страницата на Американската амбасада во земјава.

„Министерството за финансии на САД денеска воведе санкции за Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко и Ратка Куноска за корупција и малигни активности во согласност со Извршните наредби 14033 и 14024, заедно со деловните субјекти кои тие или Орце Камчев ги поседуваат или контролираат.Овие постапки илустрираат како одредени елити имаат корист од корупцијата и ги поткопуваат државните институции на сметка на граѓаните на оваа земја. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери.Народот во Северна Македонија заслужува подобро“, стои во соопштението на амбасадата.

На листата на Стејт департментот за Македонија се наведува :

„Сергеј Самсоненко е двоен државјанин на Русија и Македонија и богат бизнисмен кој живее во Македонија. Помеѓу 2017 и 2018 година, Самсоненко и неговата сопруга, Ирина Самсоненко, исто така двојна државјанка на Русија и Македонија, купиле земја од СДН Јордан Камчев (САД го назначиле Камчев на 19 јули 2023 година во согласност со E.O. 14033 за одговорен за или соучесник во, или директно или индиректно ангажиран во, корупција поврзана со Западен Балкан). Оваа набавка на крајот го поттикнала Самсоненко да сведочи пред судот во Македонија за време на судскиот процес „Парцели на Водоно“ во кој и Камчев и неговата мајка Ратка Куноска Камчева (Камчева) беа обвинети за перење пари. Во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот рок, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанас); двете компании се поврзани со Камчева. Исто така, во истиот временски рок, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанас беа искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД (Орка Холдинг), компанија поврзана со Јордан Камчев. Дополнително, Самсоненко и Ирина ја купија фирмата Систина Лајф Кеар Сентар Скопје ДООЕЛ (Систина Лајф Кеар Сентар), друг субјект вмешан во судскиот процес „Парцели на Водоно“, од Камчев и Камчева. Конечно, Бет Сити Интернационал ДОО Скопје (Бет Сити), спортска обложувалница, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор е СДН Јордан Камчев.

Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно Е.О. 14033 за материјално помагање, спонзорирање или обезбедување финансиска, материјална или технолошка поддршка или стоки или услуги или за поддршка на Јордан Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033. Систина Лајф Кеар Сентар се определува согласно Е.О. 14033 за тоа што е во сопственост или контролирана од, или дејствувала или наводно дејствувала за или во име, директно или индиректно, Ирина, лице чиј имот и интереси во имотот се блокирани во согласност со Е.О. 14033.

Бет Сити е назначен во согласност со Е.О. 14033 затоа што се во сопственост или контролирани од, или дејствувале или наводно дејствувале за или во име, директно или индиректно, Самсоненко и Камчев, лица чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033.

Орка Холдинг АД е конгломерат поврзан со Камчев кој работи во широк спектар на индустрии. „Орка Фајнанас“ и „Камчев Консалтинг“ се компании за консултантски услуги и деловни услуги во рамките на мрежата „Камчев“ и се во сопственост на Камчева.

Орка Холдинг се назначува согласно Е.О. 14033 затоа што е во сопственост или контролиран од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033. Орка Фајнанас и Камчев Консалтинг се определуваат согласно Е.О. 14033 дека е во сопственост или контролирана од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, Камчева, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033.“ , е наведено во сооштението на Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот