Владата на Италија е подготвена повторно да интервенира за да ги поддржи фирмите и домаќинствата погодени од коронавирусот

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека Владата е подготвена повторно да интервенира бидејќи досегашните мерки не се доволни да ги поддржат фирмите и домаќинствата погодени од епидемијата со новиот коронавирус.

– Досегашните мерки не се доволни. Штетата предизвикана од коронавирусот ќе биде сериозна и голема. Потребен ни е прав план за реконструкција – изјави Конте во интервју за „Кориере де ла сера“.

Тој додаде дека мора да се сменат правилата за трговија и за слободен пазар.

Претходно, италијанската Влада соопшти дека економската поддршка ќе изнесува 25 милијарди евра, а се очекува на денешната седница да бидат одобрен нови мерки за поддршка на компаниите и за семејствата.

Конте потенцира дека се неопходни понатамошните забрани, но оти е важно стриктно да се почитуваат.

Италија е втора најзагрозена земја во светот по Кина, каде се појави новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот