Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Загребски коцки (РЕЦЕПТ)

unsplash
unsplash

Мирис на тазе печена Личка погача со кисело млеко, или можеби мирис на домашен леб со пченка, пршута и маслинки. Мирис на манџа со зелка и колбаси, сарма или колбас, солени сардини, пастикада и уште многу специјалите кои потсетуваа на прекрасната хрватска кујна.

Оваа вечер доколку ви се јаде нешто слатко, а сакате да го подготвите со намирници кои вообичано ги имате дома тоа се слатките загребски коцки.


Состојки
:

– 5 јајца
– 250 гр шеќер
– 200 гр.брашно
– 2 лажици какао
– 1.5 дл. жешка вода
– ½ прашок за пециво.

За крем:

– 1л.млеко
– 180 гр.брашно
– 6 жолчки
– 150гр.шеќер во прав
– 1 маргарин или путер

За шлаг:

– 6 белки
– 300гр.шеќер

Подготовка:

Со подлабок сад изматете ги јајцата, а потоа постепено започнете со додавање на преостанатите состојки. Отако ќе добиете убава смеса во подлабок сад за печетење кој ќе го обложите со хартија убаво распоредете ја смесата низ целата површина. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени доека убаво не се испече.

Крем: Од литар млеко издвојте 300гр., а останатото ставете го во лонец на пареа во кој кремот ќе се готви. Измиксирајте ги жолчките додека не станат пенасти, потоа додадете го млекото и брашното, па таа смеса додадете ја во зовриеното месо на пареа. Варете постојано мешајќи додека кремот не згусне.

Во изладената крема измешајте го маргаринот изработен со шеќерот во прав и добро соединете го со миксер.

Шлаг: Измиксирајте ги белките додека не бидат потполно цврсти, па постепено додавајќи го шеќер, постојано миксирајте.

Префлете ги во лонецот на пареа, па мешајќи ја смесата варете уште 6 до 7 минути, додека не забележите дека шеќерот се стопил и дека масата прилично сгуснала.

Оладете го бисквитот, премачкајте го со крем, па со шлаг и прелијте го со чоколадна глазура. Препорачливо е бисквитот пред нанесувањето на кремот да го прелиете со 200 гр.топло млеко, бидејќи така ќе биде многу помек и повоздушест.

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Сплитска торта (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Рожата (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот