Високи претставници на САД, Израел, Катар и Египет во Каиро на разговори за Газа

Шефот на израелската тајна служба Мосад, Дејвид Барнеа, пристигна денеска во Каиро на разговори, јави ДПА повикувајќи се на извори од аеродромот. Тој беше придружуван од Ронен Бар, шеф на домашната разузнавачка служба Шин Бет и други.

Високи претставници на САД, Израел, Катар и Египет се собраа во Каиро за да продолжат со напорите за постигнување прекин на огнот и размена на заложници во војната во Газа, додека се зголемуваат тензиите околу можна израелска копнена операција во Рафа.

Извори од израелската влада денеска потврдија дека делегација е во Каиро на нови преговори за уште еден договор за заложници со палестинската исламистичка група Хамас. Сегашната војна започна со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и шефот на разузнавањето на ЦИА Вилијам Барнс исто така пристигнаа денеска во египетската престолнина, соопштија информирани извори.

Египет, Катар и САД во моментов се обидуваат да постигнат подолг прекин на огнот во Газа. Како дел од потенцијалниот договор, заложниците кои сè уште се држат во Газа треба да бидат разменети за палестински затвореници во Израел во неколку фази. Преговорите досега напредуваа бавно.

За време на прекинот на огнот со посредство на Египет, Катар и САД во ноември минатата година, 105 заложници беа ослободени во замена за 240 палестински затвореници.

Хамас моментално држи 134 луѓе, но Израел проценува дека најмалку 30 од нив повеќе не се живи.

Медиумите јавуваат дека бројот на убиените веќе може да достигне 50. Во ноќната операција меѓу неделата и понеделникот, израелската армија спаси двајца заложници во Рафа на југот од Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот