Виси новата средба за обвинителскиот закон

Фото: Слободен печат/Д. Митрески
Новата рунда разговори за законот за Јавно обвинителство виси на конец. Првично, неформално била договорена за утре, но средба официјално нема закажано.
Од Министерството за правда велат дека работните групи на власта и опозицијата за законот за Јавно обвинителство утре нема да се сретнат. Не се знае ниту кога ќе има нова рунда разговори.
Од опоцијата, подготвени се за преговарање.
– Очекувавме да има вчера. Спремни бевме и денеска, но гледаме дека власта од можеби објективни или субјективни причини не брза. Ни беше најавено дека можно е да имаме средба утре. Доколку се расположени и спремни, ние немаме никаков проблем да ја одржиме – изјави претеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот