Виртуелен Путин ќе биде водител на комична емисија на Би-Би-Си – Слободен печат
ВестиПланета

Виртуелен Путин ќе биде водител на комична емисија на Би-Би-Си

Две кратки пилот-епизоди на шоуто „Вечер со Владимир Путин” ќе бидат емитувани на каналот Би-Би-Си 2 следниот месец и во секоја ќе има по двајца гости.

Компјутерски генериран тридимензионален лик на Владимир Путин ќе биде водител на комична интерактивна емисија на Би-Би-Си, заедно со британскиот политички коментатор Алистер Кембел.

Две кратки пилот-епизоди на шоуто „Вечер со Владимир Путин” ќе бидат емитувани на каналот Би-Би-Си 2 следниот месец и во секоја ќе има по двајца гости.

3-Д анимацијата ќе може да се движи на сцената и да седи зад бирото, поставувајќи им прашања на гостите пред публика во студио и сето тоа во живо.

– Заборавете ја светската политика, двете пилот-епизоди наскоро ќе овозможат разговор и конечна победа на Влад, лидерот на слободниот свет – се вели во најавата.

Во еден од скечевите, виртуелниот Путин се обидува да се справи и со „сложените прашања“ околу феминизмот.

Велика Британија и Русија се во затегнати односи по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во англискиот град Солзбери минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close