Вилијам: Не можам веќе да го поддржувам Хари

фото: Принтскрин

Војводата од Кембриџ рече дека е тажен заради одлуката на принцот Хари да се одвои од кралското семејство и затоа што кралското семејство „ веќе не е екипа”, наведува „Сандеј тајмс”.

Цел живот го поддржував брат ми, но веќе не можам, рече принцот Вилијам во првата изјава откако принцот Хари и неговата сопруга Меган одлучија да се откажат од сите кралски должности и со тоа го шокираа кралскиот двор.

Војводата од Кембриџ рече дека е тажен заради одлуката на принцот Хари да се одвои од кралското семејство и затоа што кралското семејство „ веќе не е екипа”, наведува „Сандеј тајмс”.

– Цел живот го поддржував брат ми и го штитев, но веќе не можам. Ние сега сме два одвоени света. Тажен сум поради тоа. И се што можеме да направиме, се што можам да направам, е тоа да ги подржиме и да се надеваме дека ќе дојде денот кога повторно исто ќе мислиме. Сакам сите да бидеме во една екипа, му кажал  Вилијам на еден свој пријател.

Британското кралско семејство утре ќе се состане за да ја разгледа натамошната иднина на војводата и војводката од Сасекс, откако двојката во средата соопшти дека ќе се повлече од должноста на „виши” членови на кралското семејство и ќе стане финансиски независна, пишува британскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот