Со оваа фотографија Викторија Лоба направи храбар потег (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Викторија Лоба уште од своето детство и е позната на македонската естрада, кога со своите 14 години ја претставуваше Македонија на Детската евровизија во Копенхаген, во 2003 година. Лоба често лови погледи со својата природна, руска убавина и шармантна харизма, а за нејзините музички способности, сите сме слушнале како добро звучи кога Викторија гордо пее на македонски, иако е родена и целата нејзина фамилија потекнува од Русија.

Мора да се забележи, дека иако впечатливата шминка го има својот најголем „камбек“, Викторија секогаш успева да најде софистициран баланс и да остане доследна на својата природа кога станува збор за нејзината шминка. Така, Викторија на нејзиниот инста-профил неретко споделува и сториња каде прави некаква физичка активност, третман за разубавување или опуштање, или едноставно кулира, на кои може да се забележи дека пејачката нема проблем со тоа да биде природна пред следачите, односно да нема воопшто (или минимална количина) шминка на себе. Сепак, не може да се оспори фактот дека рускиот ген кај Викторија си го прави своето, и дека самата таа изгледа навистина убаво и негувано без make up трансформација на лицето. Во секој случај, пеачката предмалку направи уште еден храбар потег и на барање на инста-следач, сподели фотографија од себе без шминка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот