Викторија и Дејвид Бекам ги крстија децата, а кума им беше Ева Лонгорија! (ФОТО)

Instagram

Еден од најславните парови, Викторија (45) и Дејвид Бекам (44), ги крстија синот Круз (14) и ќерката Харпер (8), а кумови им се Ева Лонгорија и режисерот Гај Ричи.

„Денес сум многу горда, бидејќи Харпер и Круз беа крстени пред нашите пријатели и семејството. Не можам да бидам погорда на своите деца, благодарна сум на своето семејство и на прекрасните кумови. Ве сакаме Ева, Кен, Марк и Дејвид“, напиша Викторија на друштвените мрежи окрај сликата од крштевката.

На сликата со Бекамови се и пејачот Марк Ентони (51), како и двајцата постари синови Ромео и Бруклин, кои се веќе крстени, а чиј кум бил нивниот долгогодишен пријател, музичарот Елтон Џон.

„Огромна чест ми е што сум кума на најслаткото девојче на светот. Те сакам Харпер“, напиша Ева Лонгорија покрај истата слика на својот инстаграм-профил.

Марк Ентони и Дејвид Бекам подоцна прекрасно се забавуваа на прославата, а Викторија се запраша: „Дали постои нешто што господинот Бекам не умее да го направи?!“.

Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот