Викторија Бекам загрижена дека свршувачката на нејзиниот син нема да трае долго

Instagram
Instagram

Модната дизајнерка и поранешна членка на групата „Spice Girls“, Викторија Бекам, наводно, е многу загрижена за односот помеѓу нејзиниот син Бруклин и неговата свршеница Никола Пелц.

Според „Mirror“, поранешната пејачка верува дека парот ќе „изгори“ од прекумерна желба и силни испади на љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


„Таа го предупредила својот син дека овој период на меден месец нема да трае долго. Викторија се грижи што го става целото свое јас во врска и дека нема резервен план доколку работите тргнат наопаку. Викторија смета дека љубовта која е толку интензивна на почетокот, нема да трае подоцна“, пренесува „Mirror“.

И покрај тоа, сите се многу среќни што Пелц ќе стане член на нивното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Парот се запознал во 2019 година, а многу брзо по запознавањето со бројни фотографии и коментари на социјалните мрежи ставија до знаење дека има нешто повеќе од пријателство. По девет месеци голема љубов, парот направи веридба.

Бруклин и Пелц не ја кријат својата романса, а нивните социјални мрежи се полни со заеднички фотографии, романтични коментари и пораки. Тој и посвети пет тетоважи на својата свршеница, додека неодамна Никол се пофали со својата прва тетоважа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот