Викендов авионско прскање против комарци на подрачјето на град Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од дезинсекција против возрасни форми на комарци, ќе се изврши наредниве денови, и тоа со авионска и терестрична дезинсекција.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива в сабота и недела, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција ќе се одвива од понеделник до петок, во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Дополнително, терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши в среда, во период од 08 до 17 часот.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, велат од Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот