ВИДЕОРЕПОРТАЖА | Мисијата на „Лајка“ е да се сведе на минимум бројот на улични кучиња

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Просториите на „Лајка“ во моментов е времен дом за преку 100 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики. Но едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом вели за „Слободен печат“ директорката на „Лајка“ Радмила Пешева која љубезно ја пречека репортерката екипа на нашата редакција и веднаш не упати кон стационарот за кучиња, објаснувајќи ни накратко како тече процесот на вдомување на бездомните кучиња.

 -Добредојдовте во прифатилиштето на Јавното претпријатие „Лајка“, кое се грижи за бездомните кучиња. Сосема на почетокот сакам да кажам дека комплексен е проблемот со овие животни, но се обидуваме да излеземе на крај со предизвиците. Едно е јасно дека на секое куче, му нудиме можност да биде вдомено и трајно тргнато од улицата. Затоа постоиме за да овие кученца кои  се затекнати без сопственици ние им ја пружиме негата и љубовта кои тие ја заслужуваат – кратко ни објаснува Пешева пред камерите.

Фото: Директорката на „Лајка“ Радмила Пешева / ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Од „Лајка“ сметаат дека многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто се тие на улица и наведуваат дека најчести причинители за нивната прекубројност се неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштањето.

Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Од Ј.П. во исто време велат дека се свесни колку е алармантна состојбата со бездомните кучиња во Скопје но и внатрешноста и уверуваат дека се прават сите напори животните кога ќе влезат во стационарот да го минат хуманиот третман, а граѓаните доколку посакаат да вдомат некое кученце веднаш тоа да им биде овозможено преку едноставно аплицирање.

Околу таа проблематика од друга страна пак повеќе ни објасни одговорниот раководител на одделот за вдомување во Ј.П. Лајка Слаѓана Славенкова.

Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

– Во одделот на вдомување располагаме со приближно педесет бокса. Негувателите, лицата кои се одговорни за животните најпрво ги учат на оние основни правила и навики, тука мислам на хигиенските, социјализацијата, за да подоцна овие животни можат по моментот на вдомување да се социјализираат со останатите кучиња. Велам, потребно е многу енергија, љубов но и стручност тоа да се прави, а ние како „Лајка“ се трудиме во рамки на нашите можности тоа да го правиме професионално но и хумано – вели Славенкова.

Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Инаку, покрај другите услуги кои ги даваат негувателите, тука постои и тим од ветеринари кои даваат клинички прегледи и медицински третман на кучињата откога ќе бидат заловени.

Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Дополнително од „Лајка“ објаснуваат дека за да се вдоми куче, граѓаните може да го посетат стационарот или да ги контактираат вработените во ЈП Лајка на е-адресата vdomi@lajka.com.mk На нивната фејсбук-страница може да ги разгледаат кучињата што се објавени за вдомување.

Повеќе од видеорепортажата во Лајка погледнете во видеото во продолжение…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот