Јована Тренчевска/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тренчевска: Минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, а пред само неколку години беше едвај 8.000 денари

Одговарајќи на прашање поврзано со последните податоци на Евростат и минималната плата во Македонија и земјите од Западен Балкан, заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју посочи дека тоа рангирање е направено пред најавеното покачување на минималната плата во март оваа година.

„За Евростат, тоа се податоци пред новото покачување на минимална плата во 2024 и со тоа покачување ќе одиме нешто погоре, по што Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, па и Бугарија како земја членка на ЕУ ќе имаат пониски минимални плати од нас. Меѓутоа треба да се потсетиме дека за овие неколку години, минималната плата е зголемена за 28% проценти. Кога СДСМ дојде на власт таа беше 8.000 денари, денес е 20.175 денари, со тенденција во март оваа година да биде некаде околу 22.500 денари“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека растот на минималната плата е постојан, дека усогласувањето е согласно закон и дека вкупниот раст на минималната плата во последните години е далеку поголем во однос на вкупниот процент на инфлација.

Целото интервју со заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот