ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Сите политички партии во Велика Британија добиваат донации, но мора да ги пријават

Жанета Скерлев - новинар / Фото: ''Слободен печат'' / Методи Здравев

Британскиот премиер Кир Стармер е ставен на тапет од јавноста и медиумите, го критикуваат за донациите што ги добил, за скапите подароци, за брендираната облека, за бесплатните билети за фудбалски натпревар и за концертите на големите ѕвезди. На многумина им боде очи и неговиот пријател, лордот Али, многу богат и успешен бизнисмен, еден од донаторите на Лабуристичката партија.

Донаторството е составен дел од политиката во Велика Британија, сите политички партии добиваат донации од различни страни, но новитет е што мораат да ги пријавуваат донациите, вели за „Слободен печат“ колумнистката Жанета Скерлев.

– Низ годините се виде дека богатите бизнисмени преку донациите остваруваат влијание врз политиката. Англиските законодавци донесоа одлука да донесат закон за да се регулира доколку донациите се над 12.000 фунти да мора да ги пријават и да се знае со име и презиме кој ги дал и колку дал. Интерсно е што нема правило на што треба партијата да ги троши овие пари – вели Скерлев.

Таа вели дека многу е важно од кој медиум се информираме.

– Сер Стармер го осудија за вредност од околу 6.000 фунти, што споредбено со минатото, со неговите претходници, е смешно. Но зависи од каде се информирате. Ако го читате „Телеграф, „Дејли мејл“ и други медиуми кои се финансирани од бизнисмени симпатизери на конзервативците, се чини како премиерот да направил лом. Мене ми пречи таа хипокризија кон Стармер, му собраа сè вкупно, а на крајот ги врати тие пари и призна дека направил грешка – појаснува Скерлев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот