ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Проф. Наумовски: ЕУ предвидува заедничко интегрирање на Западен Балкан преку Планот за раст
Во студиото на „Слободен печат“ професорот и економски аналитичар Синиша Наумовски зборуваше за придобивките од Планот на ЕУ за забрзан раст на Западен Балкан.
Препорачано
„Кој е ефектот од она што го прави ЕУ со Планот? Прво е приближување помеѓу земјите од Западен Балкан нивно окрупнување и заедничко интегрирање во ЕУ. Планот предвидува 6 милијарди евра, а од нив две се неповратни средства, додека четири милијарди се во форма на заеми. Тоа според мене е едно покажување на позитивен сигнал, наспрема се поголемиот процент на население овде во Македонија кое е разочарано од ЕУ, што особено се гледа во македонскиот етнички блок“ рече Наумовски.
Според него, овој план е важен за малите и средни претпријатија и значително ќе влијае на нивната конкурентност.
„Со овој план за раст и со забрзаното интегрирање на земјава во ЕУ, вие прво имате зголемување на конкурентноста тоа носи квалитет, од игра излегуваат оние кои не се квалитетни, повеќе нема да сме затворени и изолирани да бидеме само ние и нашите компании“ посочи Наумовски.
Целото интервју со проф. д-р Синиша Наумовски погледнете го во продолжение:


