ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Благоевиќ и Дукоски на промоцијата на „Лом“: Стрип-културата да влезе во образованието
Нов македонски стрип излезе на пазарот. Авторите Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ направија продолжение на лудориите на волшебникот Лом којшто не се бори со мечот, туку само го фрла.
Како што велат тие за „Слободен печат“ станува збор за епска фантазија пропратена со сатира и многу забава, доза на егзистенцијална паника, нежна иронија и судбина што не прифаќа мислења од други.
Препорачано
– „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ е продолжение на „Лом: Волшебникот од Големото Ништо“. Природно дојде потребата да се направи втор дел на приказната за овој комичен херој. Има и малку љубовна драма, емоции, странции коишто го еволуираат главниот лик Лом – вели Дукоски.

Волшебникот Лом е исправен пред тежок избор: дали да ја следи Луси низ Портата на Јанус во свет без магија, инаку познат како Тексас, или да остане во Долината на Големото Ништо и да ја прифати улогата на племенски водач? Проблемот е што единствениот начин Луси да се врати дома води право кон Хегем, вештер со толку лоша репутација, што дури и гласините одбиваат да му пријдат поблиску…
Ова е модерен стрип којшто потсетува на легендарниот стрп-јунак Конан.
– Ликот на Лом е еден вид пандан на популарниот епски херој Конан направен пред 100 години варварин што се бори со меч. Лом е замислен да биде спротивен на Конан, ние сакавме да не биде толклу мускулест, да не биде со црна коса. Лом е волшебник кој не се бори со меч, туку само го фрла зс време на борба. Во суштина комичен херој – вели Дуковски.
Името на стрипот е идеја на Благоевиќ, откри тој на промоцијата.
Кога се создавше стрипот поминував низ еден многу тежок период, мајка ми се разболе тешко, навистина ми беше лом период, па така предложив главниот лик да го носи името Лом -рече тој.

Авторите сметаат дека интересот за стрипови кај нас оди во нангорна линија.
– Младите денес имаат голем интререс не смао да читаат туку и да пишуваат стрипови. Во последните години бележиме значителен развој на фетсивалот „Стри трип“, каде што покрај тоа што се купуваат странски стари изданија, публиката ги бара и новите стрипови на македонски јазик. Со стрип-магазинот „Тешка машинерија“ пак ловиме и инспирираме нови автори на коишто бројаката расте – рече Благоевиќ.

Нашите соговорници се категорични по прашањето дека државата треба сериозно да размислува за велгуањето на стриповите во образованието.
– Во Југославија, кога ние бевме мали, така учевме да читаме, преку стрипопви. Тогаш попуарни беа „Дилан Дог,“ „Загор“, „Велики Блек“… Стрипот е еден вид премин за децата од 3-5 години коишто читаат сликовници. Преку стрипот ќе се сретнат со некои нови зборови и забвани и акциони содржини, каде што ќе можат да се забавуваат и да фантазираат -рече Благоевиќ.
– Дефинитивно стрипот како форма треба да влезе во образованието и тоа од најмала возраст, Почнувајќи од изворните стрип-лектири, но и стрипувани лектири за најмалите за кои е тешко да прочотаат 200-300 страници има одлични стрипувани верзии. Јас читам стрип од мои пет години. За ноовите генерации би било полесно за читање, ќе им го задржо вниманието и концентрацијата – вели Дуковски.
Ивица Дукоски е сценарист на стрип-албумите „Црната аурора“ (2018), „Неонски ноќи“ (2018), „Аника и Тигран“ (2020) и „Светите ловци“ (2021), сите со цртеж од Благојевиќ. Дукоски активно се занимава со критика на филм, музика и стрип во повеќе медиуми, а вклучен е и во организацискиот тим на меѓународниот фестивал за стрип Стрип Трип.
Владимир Благојевиќ – Владодлак е дипломиран етнолог и едукатор во Музејот на Македонија. Активен е во областа на илустрацијата и ракотворбите, со бројни самостојни и групни изложби. Покрај соработката со Дукоски, автор е на стрип серијалот „Патот на старите богови“ (2024), а го уредува и списанието „Тешка машинерија“.



