ВИДЕОАНКЕТА: Дали луѓето изгледаат „реално среќни“ како на социјалните медиуми?
Социјалните мрежи се преполни со насмевки, убави моменти и наизглед совршени животи. Но, дали сликата што ја гледаме онлајн навистина ја отсликува реалноста?
Препорачано
„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали луѓето навистина се толку среќни како што изгледаат на социјалните мрежи, дали несвесно се споредуваат со туѓите животи и какво влијание тоа има врз самодовербата и перцепцијата за себе.
Одговорите беа следни:
„Тоа е еден друг, виртуелен свет, кој многу често нема допирни точки со реалноста. Жално е што младата генерација толку многу се оптоварува со тоа.“
„Убаво е што се отвораат вакви теми. Факт е дека не е сè така како што изгледа на Фејсбук.“
Ги прашавме и дали новите генерации се споредуваат со животите што ги гледаат на социјалните мрежи.
„Компетитивниот елемент има негативно влијание. Младите не се доволно зрели и постојано се споредуваат меѓу себе, што создава голем притисок“, објаснува една госпоѓа.
„Можеби тоа го правиме и несвесно, постојано“, додава друг случаен минувач.
Граѓаните коментираа и за употребата на филтри и разубавувањето на фотографиите.
„Има многу јавни личности со кои се споредуваме и се трудиме да изгледаме како нив.“
„Толку се навикнавме на филтрите што понекогаш луѓето не изгледаат исто во живо.“, коментираат граѓаните.


